АктуелноБоксПрофесионален

Френк Ворен го избира својот боксер за најдобар борец во 2025 година

Познатиот промотор Френк Ворен гордо истакнува дека еден од неговите боксери е најдобриот борец во 2025 година.

Шефот на „Квинсбери промоцијата“ е во боксерскиот спорт со децении и работел со многу одлични борци, од Џо Калзаг и Френк Бруно до Тајсон Фјури и новата ѕвезда во подем, Мозес Итаума.

Во интервју за ТВ ИФЛ Ворен откри кој ја одбележал изминатата година за него, а изборот падна на големиот британски талент и борец во тешка категорија Фабио Вордли.

„Па, не ми е лесно да одговорам кој бил најдобар минатата година. Но, ако треба да изберам некого, тогаш нека биде борец за кого знаеме од каде дошол и до каде стигнал. А тоа е Фабио Вордли. Тој нема аматерско искуство и стана светски шампион“, рече Френк Ворен и додаде:

„Го победи човекот кој е втор зад Усик и тој борец беше голем фаворит во таа борба. Фабио имаше одлична година. Имаше и брилијантна борба против Џастис Хуни, му ја сминувам капата. Имаше навистина неверојатно патување“.

По ремито против Фрејзер Кларк, кого го победи во реваншот со нокаут во првата рунда, Вордли се бореше двапати во 2025 година и со со прекини ги заврши Џастис Хуни и Џозеф Паркер.

Неколку недели подоцна беше промовиран во шампион на ВБО откако Александар Усик го напушти појасот. Украинскиот гигант јасно стави до знаење дека не сака да се бори со Британецот.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON