Флојд Мејведер си го прегриза јазикот – се откажа од УФЦ (ВИДЕО)

Флојд Мејведер ги излуде навивачите кога рече дека планира да влезе во октагонот. Нема недела откако и претседателот на УФЦ, Дана Вајт го потврди тоа, а Флојд си ги порекна зборовите.

„Не го имав тоа во предвид. Реков, штом претходно сум правел милијарда долари, повторно ќе може да го направам тоа. Ако одлучам да влезам октагонот за 3-4 средби и дуел со Мек Грегор, би можел да направам милијарда долари“.

„Не знам што крие иднината за Флојд. Не очекувам да се вратам назад во боксерскиот ринг. Само велам само дека можам да го направам, ако сакам да спечалам милијарда, не дека ќе го направам тоа. Тоа го реков“.

Сигурно Мејведер се преиспита за дуелите во октагонот, сфаќајќи дека може да изгледа како ЦМ Панк и Џејмс Тони, а така би ќе си го наруши имиџот на еден од најголемите боксери кои се повлекле.

Мани Меј може и да ги сака парите, но ни една сума не би му помогнала, ако стане за посмев во октагонот – нешто, коешто Мек Грегор со леснотија би го постигнал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО