Флојд Мејведер: Јас сум најдобриот за сите времиња!

Мејведер на Кошарка

Боксерот Флојд Мејведер вели дека по мечот со Андер Барто, кој ќесе одржи на 12 септември во Лас Вегас, САД, ќе замине во пензија.

„Тоа ќе ми биде последниот меч.  На 13-ти септември сакам да си седнам на троседот, да си пуштам фудбал и да уживам. Ќе седнам со жената и децата и заеднички ќе си уживаме секојдневно. Тоа сигурно ќе ми бидат најдобрите денови во животот, уверен сум. Имам неверојатна кариера, но веќе сум стар. Здравјето ми е најважно“, изјави Мејведер и додаде дека според него – тој е најдобар боксер во историјата.
„Мислам дека четворицата најдобри боксери се Саул Алварес, Мани Пакијао, Мигел Кото и Флојд Мејведер. Јас ги победив горенаведените тројца, сум се борел против сите и секогаш сум победувал. Веќе нема против кој да се борам, ако ги погледнете средните категории ќе видите дека има само еден – Мејведер. Ги почитувам сите боксери од минатото, но Мејведер има победено многу повеќе светски шампиони од секој друг“, заклучи боксерот.

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО