Флојд Мејведер: Боксот ме сака назад, а јас се насочувам кон ММА

Flojd i nekoj MMA

По последниот меч против Андре Берт минатата година, Флојд Мејведер сепак останува надвор од професионалниот бокс. Колку и да сакаат навивачите повторно да го видат генијалниот боксер во рингот, изгледа тој не и одговара со иста мерка.

Много луѓе шпекулираат дека без Мејведер и Пакијао спортот полека умира. За несреќа на приврзаниците на боксот, Флојд изјави дека нема намера да се враќа, а дури размислува да ја смени дејност за докажување и да се впушти во светот на мешаните боречки вештини … но не како борец, туку како промотор.

Flojd

„Ме сакаат назад, но за мене е време да поминам во ММА. Веќе сум подготвен да се занимавам со бизнис делот на промовирање на ММА натпревари“.

 Односот на Флојд во светот на мешани боречки вештини е силно турболентна. Некои денови тој сака јавно да се шегува и да го навредува спортот, а во друга страна планира промовирање на натпревари и мечеви заедно со Дана Вајт и УФЦ.

Се уште не расчестено се околу неговото преминување во друг спорт, но барем е сигурно дека ако сака да го стори тоа, сигурно дека ќе има доволно финансиски ресурси да направи одлична работа..

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО