Фјури: Тајсон не се откажал, порано или подоцна ќе врати на рингот

Британецот Хјуи Фјури (20-0, 10 КО) не верува дека неговиот братучед Тајсон Фјури (25-0, 18 КО) навистина се повлекол од боксот. Задолжителниот кандидат за светската титула на ВБО во тешка категорија се надева дека тој и неговиот братучед ќе владеат во категоријата.

„Не! Тајсон не се повлекол, порано или подоцна ќе се разбуди и ќе се врати на рингот. Потоа ќе се приклучи на мене и двајцата заедно ќе владееме во тешка категорија. Повторно ќе го видиме Тајсон во рингот. Неговиот коментар дека се повлекува? Мислам дека едноставно не бил расположен. Едноставно, се што постигна, не беше достојно оценето и му проработи депресијата. Се надевам дека наскоро позитивните мисли ќе му надвладеат во главата ….“, Изјави Хјуи Фјури.

На 23 септември во Манчестер Хјуи Фјури ќе се сретне со светскиот шампион на ВБО во тешка категорија Џозеф Паркер (Нов Зеланд).

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО