Ентони Џонсон: Заради борба со Џонс би се вратил од пензија

Се чини дека Џон Џонс има уште еден потенцијален противник, освен оние кои веќе се споменуваат во медиумите. Имено, з аборба со Коските, подготвен е да се врати неодамна пензионираниот Ентони Џонсон.

Џонсон беше во Анхајм како тренинг партнер на Волкан Оездемир, на кого му беше во аголот. Така што беше во можност во живо да ја следи феноменалната борба на Џонс и Кормиер, борец со кого требаше но на крајот не се сретна и борец од кого два пати беше поразен. Сето тоа мотивираша да посака да го направи она што и го должи на навивачите и на себе, борба против Џонс.

„Морам да признаам дека сето ова помалку ме крши, не беше лесно да се гледаат Џон и Даниел. Но, ако се вратам, тоа треба нешто да ми значи, особено финансиски, затоа што во моментов добро ми оди во животот и морам да имам мотивација да го остварам тоа. Исто така, доколку се вратам, тоа е само за да се бораем против легенда каква што е Џон Џонс. Практично, победив сè, освен Џон и Даниел. Даниел го погоди Џон со некои удари, а сигурен сум дека тој би паднал јас да го погодев со истите тие удари. Но, Џон е чудо од борец и спрема него имам само почит“, рече тој.

Така се „приклучува“ на Леснар, Густафсон и Оездемир, имиња кои се споменуваат како за следениот предизвик на Џонс. Но, за разлика од нив, Џонсон би се вратил само за таа борба и тоа под посебни услови.

Доколку УФМ дојде со нешто на што не може да одолеам, ќе ја прифатам борбата. Мислам дека тоа е борбата што ја сака Џон, исто така и јас ја сакам, едноставно, имаме потреба да се сретнеме . Но, уште еднаш ќе повторам, би морало да ме задоволи финансиски. Исто така, не сакам повеќе да го ставам здравје во опасност доколку немам вистинска мотивација“.

Џонсон и остана должен за таа борба, па ќе видиме што ќе речат од УФЦ на таа идеја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО