Фјури: Светот знае дека ја добив оваа борба

Тајсон Фјури потсети на борбата со Кличко во синоќешниот меч со Дионтеј Вајлдер заврши без победник, со што Вајлдер го одбрани појасот на ВБЦ во тешка категорија.

Сепак, Фјури смета дека е победник затоа што доминирал во 10 од 12 рунди во мечот…

„Дојдов во туѓа земја, двапати бев на под, но мислам дека јас ја добив борбата. Бог да ја благослови Америка и Дионтеј Вајлдер кој е вистински боксер. „Џипси кинг“ се врати… А, тој Вајлдер. Ух… Страшен е, вистински шампион и голем човек. Како се опоравив по оној нокаут во 12-та рунда? Па, јас сум борец до крај, црпам сила од Исус и немаше шанси да останам на под“, изјави по мечот Фјури и додаде:

„Искрено, мислам дека јас го добив мечот. Вајлдер мисли дека тој го добил, па нека одлучат навивачите на крајот!“

“Јас сум она што би рекле професионалните спортисти кој сака да боксира. Не знам никого на планетата кој може вака да се движи, овој човек е опасен ударач и бев во можност да го избегнам тоа. Светот знае дека добив оваа борба “.

„Се надевам дека сте горди на мене по речиси три години од напуштањето на рингот. Покажав дека имам срце и се подигнав, не доаѓаше во предвид да ме нокаутир вечерва. Дојдов тука и се борев од се срце“.

„Десет недели не сум го видел моето семејство. Заслужив некое време да поминам со нив“.

„Ќе го одработиме реваншот сто отсто. Ние двајцата сме големи прваци. Јас и тој сме двајцата најдобри тешкаши во светот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО