Вајлдер: Морав да бидам победник по двата нокдауни

Дионтеј Вајлдер ја одбрани ВБЦ титулата во тешка категорија по нерешената борба со Тајсон Фјури. Вајлдер смета дека морал да биде победник по оние два нокдауни кои му ги зададе на Фјури.

„Влегов поспоро во мечот, брзав со ударите, бев неодлучен. Потоа со сила, непотребно, форсирав удари. Никако не успевав да се прилагодам, наместо да бидам трпелив и да чекам шанса. Сакав што побрзо да го нокаутирам и да им овозможам на навивачите да го видат тоа за што дошле“, беше првата изјава на Вајлдер по мечот.

„Двајцата дадовме се од себе, се што можевме да дадеме. На крајот, тоа е и најважно. Ние сме најдобри на светот и мора да кажам дека силно се почитуваме меѓу себе. Воопшто не чувствував притисок. Бидете сигурни ќе го победам во следната борба. Реванш? Да, сакам тоа да биде мојата следна борба. Не ми е важно каде ќе биде таа. Кога во рингот имаш два одлични боксери тогаш мечот е одличен. Го докажавме тоа оваа ноќ“, нагласи Вајлдер.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО