Фјури: Со Вајлдер немаше никаква кавга околу парите или поделбата. Така го прават тоа мажите

Тајсон Фјури (26-0, 19 КО) вели, што се однесува до него, практично борбата со Дионтеј Вајлдер (40-0, 39 КО) е договорена.

Поранешниот светски шампион би требало да се бори против шампионот на ВБЦ на крајот од годината, најверојатно во САД.

„За мене, борбата 99 проценти е договорена. Немаше никакви краници околу парите, поделбата или промоторите. Така го прават тоа вистинските мажи. Ние правиме работа. Рамно на работа, без заобиколување, без криење од големите борби. Ако си доволно добар, добар си, ако не си, заборави на тоа и оди си дома“, изјави за Скај спорт.

29-годишниот Британец, како и Вајлдер, е непоразен, а светската титула во тешка категорија не ја изгуби во рингот.

Тој уште еднаш ги одбруси Еди Херн и Ентони Џошуа кои не успеаја да ја договорат борбата со нокаутерот од Алабама.

„Тие немаат храброст, немаат срце. Јас ја прифатив борбата со Вајлдер да и докажам на британската јавност дека се ѓубре. Тој е светски шампион и би требало да биде златното момче на британскиот бокс, но јас морав да излезам од пензија, за да вратам британскиот бокс на своето место, затоа што во моментов сме предмет на потсмев“.

„Целата Америка ни се смее. Мораше „Кралот на Циганите“ да се врати по три години за да го победи најдобриот. Џошуа избира противници, мали луѓе. Тоа ви покажува за каков човек се работи. Карлос Такам му зададе еден куп проблеми и судија мораше да спасува со прекин, бидејќи се бореше за гол живот. Дерек Чисора штотуку го олади Такам. Дилен Вајт му правеше проблеми“.

„Џошуа ниту не можеше да го удари Џозеф Паркер. Дилиен Вајт речиси го нокаутира, а тој е пропаднат. Според мое мислење, тој е разоткриен и ако се бори со Вајлдер ќе заврши како нокаутиран, бидејќи е бескорисен“.

„Ако сте светски шампион и имате речиси 30 години и нема да се борите против други мажи за милиони фунти, тогаш сте клошар и воопшто не би требало да бидете во боксот“.

„Тоа е тоа. Не можев да кажам поискрено“.

„Јас бев дебел како свиња, имав многу проблеми во животот и реков: Понудете ми ја таа борба и јас ќе ја прифатам за две секунди. И еве го. Така го парви тоа борец, не се плаши од никого. А секој кој ќе тргне на мене ќе заврши на подот. Никој нема мене да ме испрати на подот“.

Во меѓувреме, Херн подготвува понуда за Вајлдер од 8 милиони долари заборба со Дилиен Вајт во Бруклин, исто така на крајот од годината.

„Осум милиони долари не е многу ако може да заработите 20 милиони за борба со мене“ Фјури не е загрижен заради плановите на Нерн.

„Дилиен Вајт е клошар. Колбас. Не поседува никакви боксерски вештини, тој е бескорисен“.

„Вајлдер не го интересира Вајт, тој сака да ги победи најдобрите. Ако сакате да бидете најдобар, мора да го победите човекот кој го победи најдобриот, а во овој случај, сите патишта водат до Тајсон Фјури“.

Фјури со победата над Владимир Кличко во ноември 2015 година покрај појасите, ја презеде и т.н. „линеал“ титула (титула кој му припаѓа на неоспорниот шампион или оној кој го победил).

Додаде и дека веќе не го интересира борба со Џошуа.

„Поради начинот на кој се однесуваат Херн и Џошуа спрема луѓето, не верувам дека може да ја договорат таа борба. Не се поштени. Да се поштени би бореле со Вајлдер, зарем не“?

„Му реков на Еди Херн дека нема да има борба, ако не играат фер и ако не имаме исти услови. Ако не се согласувате со тоа, можеда ги пошмукаат моите големи влакнести јајца“.

„Ако во боксот не можете да биде фер, заборавете. Ова е џентламенски спорт. Нема место за арамии и бизнисмени. Сè мора да биде поштено, не место за нечесни работи“.

„Јас не го правам ова за пари. Што ми значат уште тие неколку фунти? И онака веќе сум милионер. Се работи за она што е исправно, бидејќи веќе толку пати ме заебале и ограбиле. Тоа веќе нема да се повтори. Воопшто не ме интересира таа борба, бидејќи кога сте се вплеткале меѓу неколку злочинци, тука нема работа. Едноставно е, ако не сакате да бидете чесен, ништо од работата“.

Во втората битка по двегодишна пауза Фјури на 18 август во Белфаст се бори со Франческо Пијанета.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО