Џошуа: Уште колку му остана на Вајлдер? Две, можеби три години?

Ентони Џошуа признава дека гледа подалеку од следната борба против Александар Поветкин.

Преговорите за мечот за неприкосновен првак во тешка категорија против Дионтеј Вајлдер застанаа, а во меѓувреме и на ВБЦ шампионот му се отворија интересни опции.

Вајлдер е во преговори со Тајсон Фјури, постои можноста за реванш со Луис Ортиз, а ВБЦ нема да го притиска да направи задолжителна одбрана против Доминик Бризил.

По борбата со Русинот на 22 септември на Вембли, Џошуа има закупен стадионот и за 13 април 2019 година. Надежите се дека тогаш противникот мора да биде Вајлдер.

Има понуден договор со загарантирана заработка од 15 милиони долари.

„Јас и Вајлдер е најдобрата борба во категоријата во моментов, не јас и Поветкин. Понудата за Вајлдер се уште е на маса, ако пропадне тоа многу ќе се изнервирам“.

„Почнавме да работиме на таа борба пред мојот меч со Карлос Такам. Потоа дојде Џозеф Паркер и понатаму бевме без договор … и сега Поветкин. Но ја сакам онаа најголемата борба, гледам подалеку од Поветкин. Ќе го прегазам Поветкин, а Вајлдер има и датум и локација“, изјави за ЕСПН УК.

Британцот се плаши Вајлдер нема да не с епензионира пред нивната борба. Американецот е професионалец од 2008 година, а Џошуа од 2013 година.

„Во текот на последните седум месеци сфатив што сака тој и него сака во договорот. Досега веќе имаше 40 тренинг кампови. И секој противник да сте го нокаутирале во првата рунда веќе сте поминале стотина рунди низ подготовка, километри и километри оштетувајќи го телото. Професионалниот е веќе 10 години. Тоа е долго време. Во текот на тоа време многу борци го повредиле, сите на спаринг. Така, уште колку му останува? Два, можеби три години“?

Вајлдер одби понудата на маса и побара поделба на заработката половина- половина. Џошуа мисли дека ако толку е убеден дека е подобар нека го потпише понуденото и нека ја отвори вратата на многу повносниот реванш.

„На сите и го кажувам истото, вклучувајќи го и Фјури. Јас да не сум во позиција на моќ, би земал помалку пари за борба. Кога се борев против Чарлс Мартин за појасот на ИБФ во 2016 година ја прифатив значително помала заработувачка, бидејќи така инвестирав во себе“.

„Тка што и тие треба малку да играат – победете ме, победиме и во реваншот и ќе станете крал на тешка категорија. Ако верувате во тоа, потпишете го договорот и борете се со мене“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО