Фјури се закани дека ќе качи рекордна тежина за пресметката со Вајт

Зголемувањето на тежината беше добро за Тајсон Фјури во неговите последни две борби.

Непоразениот шампион во тешка категорија на ВБЦ излезе со 123 кг во реваншот со Дионте Вајлдер во февруари 2020 година – 6 кг повеќе од нивниот прв меч кој во 2018 година заврши нерешено.

Во нивниот трет меч Фјури беше уште потежок – 125 килограми. Тогаш победи со нокаут во 11. рунда.

Откако ги осети предностите на поголемата тежина, Фјури вети дека ќе излезе уште потежок на мечот со Дилиен Вајт на 23 април во Лондон.

„Ќе се обидам да излезам рекордно потежок во оваа битка“, изјави Фјури и доаде: „За најголемиот меч, за најголемата публика, ќе ја видите најголемата фурија. Ќе бидам како планина“.

Френк Ворен рече дека 85.000 билети биле продадени во првите три часа од објавувањето. На стадионот „Вембли“ се очекуваат околу 100.000 гледачи.

Фјури се закани дека ќе биде најтешкиот шампион во тешка категорија. Сепак, ова е сериозен предизвик, бидејќи Николај Валуев тежеше над 146 килограми во неговиот меч со Џон Руиз во декември 2005 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО