Конор Мек Грегор се врати во боксерската сала (ВИДЕО)

Конор Мек Грегор се врати во боксерската сала во Крамлин, Даблин, местото каде што ја започна кариерата како професионалец како тинејџер.

Повеќекратниот шампион постепено се опоравува од кошмарната скршеница на ногата што ја доби за време на пресметката со Дастин Пориер на УФЦ 264. Мек Грегор рече дека се враќа на тренинзите на почетокот на овој месец.

По долго опоравување, шампионот повторно влезе во рингот како дел од подготовките за враќање оваа година.

Мистик Мек тренираше со боксерската легенда Фил Сатклиф, тренерот кој сега тренира многу од врвните ММА борци во Ирска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО