Фјури: Повредата на Кличко е психолошка игра

klicko-fjuri soocuvanje

Претендентот за светската титула во тешка категорија, Тајсон Фјури, ја коментираше повредата на шампионот Владимир Кличко. Украинскиот боксер го одложи мечот меѓу двајцата, поради повреда, подоцна средбата беше презакажана за 28 ноември.

„Ова е само психолошка игра. Тие сакаа да ме исфрлат од колосек и да направам некоја глупост, но тоа не се случи“.

„Јас се придржувам кон планот, продолжив да тренирам и да правам спаринзи. Ќе го добијам мечот за титулата, кој го чекам толку години. Знам дека нема да има нова „ повреда“, зашто ќе тоа ќе биде голем скандал. Средбата ќе се одржи на 28 ноември“, изјави Британецот, кој во моментов се подготвува на стадионот на Болтон Вандерерс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО