Азис Исмаил во Салзбург ќе се бори за место во репрезентацијата за СП

Metalurg pred salzburg

Екипата на Карате клубот Металург денeска патува за Салзбург, Австрија, на последниот европски турнир од Карате 1 Премиер лигата, кој се одржува викендов.

Тренерот Мирче Јанушевски на овој турнир ќе смета на: Иво Цветковски, Азис Исмаил, Семир Ќосовиќ, Адил Мехмет и Виктор Крстевски.

Овој турнир е од посебно значење за младиот Азис Исмаил, кој во претходните турнири покажа завиден квалитет, затоа што со Петар Заборски од Макпетрол во категоријата до 75 килограми за јуниори до 21 година се бори за место во репрезентацијата на Светското првенство за кадети, јуниори и У-21 во Џакарта, Индонезија, идниот месец. Но, не е ништо помалку важен настапот и за останатите, бидејќи ова е последна контрола пред СП, а за сениорите за темпирање на формата.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО