Фјури на Џошуа: Кукавица како Усик

Светскиот шампион во тешка категорија на ВБЦ, Тајсон Фјури, реагираше на неподготвеноста на поранешниот светски шампион во тешка категорија Ентони Џошуа да се бори со него овој септември.

„Каква кукавица! Џошуа е кукавица како Усик“, напиша Фјури на својата страница на социјалнита мрежа.

Фјури во последната борба ја направи трета одбрана титулата против 38-годишниот сонародник Дерек Чисора. Борбата заврши во 10. рунда – судијата ја прекина, доделувајќи му ја победата на Џипси Кинг со ТКО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО