Џозеф Паркер изгледа го најде својот нов тренер само неколку дена по разделбата со претходниот.
Пред околу две недели, Новозеланѓанецот ја заврши соработката со Кевин Бери, кој му помогна да стигне до светската титула на ВБО во 2016 година. Сега Паркер се сврте кон услугите на Енди Ли, по лична препорака на неговиот братучед – шампион на ВБЦ, Тајсон Фјури.
Според различни извори, Новозеланѓанецот ќе отпатува за Лондон за да се сретне со поранешниот шампион во средна категорија и да разговара за можна соработка. Ли е втор братучед на „Кралот на Ромите“ и стана еден од најбараните тренери на Островот откако ги соблече ракавиците во 2017. Според првичните информации, двете страни ја истражуваат можноста да работат заедно само за следниот меч на Паркер, а договорт може да биде продолжен доколку се разберат.
— Andy Lee (@AndyLeeBoxing) March 20, 2019