Били Џо Снадерс се уште не го почнал подготвителниот камп за Канело

Светскиот шампион во супер средна категорија на ВБО, Били Џо Саундерс, се соочува со најтешкиот тест во кариерата.

За помалку од два месеци, Британецот ќе се бори против хегемонот од категоријата – Сол Алварез-Канело. Тие ќе се борат на 8 мај во САД за појасите на ВБА „Супер“ и ВБЦ.

Иако 31-годишниот Сандерс никогаш не се борел со боксер од рангот на Алварез, Британецот призна дека се уште не започнал со тренинг камп за мечот.

Причината за доцнењето е грипот, со кој се бореше последните десетина дена.

„Секој знае дека за да се победи Канело, мора да бидеш во топ форма“, рече Сандерс.

„За жал, во моментов сме во битка со времето. Јас сум болен последните 10 дена, добив грип. Воопшто не сум тренирал и сепак ќе треба да ослабам. Сè уште не сум влегол во тренажен процес.

„Но, и покрај сето ова, треба да знаете нешто за мене – никогаш нема да се извинам. Не е важно дали ќе изгубам или ќе победам. Ако не сум доволно добар да го победам Канело на 8 мај, тогаш никогаш нема да можам да го победам“, додаде шампионот на ВБО.

Сандерс последен пат се бореше во декември 2020 година, кога го победи сонародникот Мартин Мареј.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО