Фјури: Можам да го победам Џошуа и со едната рака врзана за грбот

Поранешниот светски шампион во бокс Тајсон Фјури изјави дека е целосно подготвен да се сретне со актуелниот првак во тешка категорија Ентони Џошуа.

Во текот на викендот 27-годишниот Џошуа ја одбрани титулата од Меѓународната боксерска федерација (ИБФ) и на Светската боксерска асоцијација (ВБА), победувајќи го легендарниот Владимир Кличко.

Тие направија вистински спектакл пред 90.000 гледачи на „Вембли“ во Лондон, а младиот Британец успеа да победи со технички нокаут во 11-тата рунда.

„Ова беше одличен меч, многу возбудлив. Цело време наивав за Ентони да го разбие. Сепак, се прашувам за она дека што ќе беше ако Кличко го нокаутираше во шестата рунда“, изјави во типично негов стил Фјури за Скај спортс.

„Џошуа покажа многу во овој судир. Покажа дека дури и да биде соборен, може да се врати. Токму тоа е однесување на шампион. Ентони покажа дека може да се соземе дури и по многу тешки удари“, дополни Фјури.

Иако бугарската ѕвезда Кубрат Пулев е главен кандидат за ИБФ титулата на Џошуа, според Фјури токму тој треба биде следниот ривал на светскиот шампион, кој, пак, веќе истакна дека е подготвен за реванш со Кличко.

„Сега останува да се случи само еден меч, најголемиот дуел во светот во тешка категорија – меѓу мене и Еј Џеј. Тоа е единствениот меч кој сака да го види светот. Јас продолжувам да сум број 1 и секој го знае тоа. Сигурен сум дека можам да го победам Џошуа, дури и ако едната рака ми е врзана зад грб“, додаде тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО