Џошуа: Ќе видите уште подобри мечеви од мене!

Ентони Џошуа продолжува да биде во центарот на вниманието по неверојатната победа над Владимир Кличко во саботата вечерта на стадионот „Вембли“. Светскиот шампион во тешка категорија ги увери своите фанови дека најспектакуларните судири со негово учество допрва доаѓаат.

„Мислам дека ќе успееме да најдеме достоинствен ривал кој ќе привлече слично внимание. Погодни се сите други носители на појаси. Сакам да ги зема нивните титули и да ги додадам во мојата колекција. Можно е да направиме реванш со Кличко. Ќе биде прекрастно, со оглед на првиот меч. Нема проблем да се борам и со момци кои немаат титули. Како Тајсон Фјури“, прокоментира Џошуа.

https://youtu.be/ubz7rNylreo

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО