Фјури-Кличко во 2015 година!

Tajson fjui

Тајсон Фјури од Англија ќе има можност да се бори со Владимир Кличко во 2015 година.

Ова стана јасно откако протекоа информации од Светската боксерска организација (ВБО), каде што Британецот е официјален предизвиувач за титулата на Украинецот. Светскиот шампион добил дозвола доброволно да ја брани титулата на 25 април. Веднаш по неа, неговиот тим треба да почне преговори за дуел со Тајсон Фјури. Кличко има рок од 30 дена, по неговиот следен датум за меч, за да се постигне договор. Во спротивно, ќе биде распишан тендер за домаќин на состанокот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО