Фјури: Ќе го тепам Кличко, оти имам големи мадиња! (ВИДЕО)

Fjuri Klicko

Британскиот боксер во супертешка категорија, Тајсон Фјури, откри на кое тајно оружје ќе се потпира во евентуалниот меч против светскиот шампион на ИБФ, ВБА, ВБО и ИБО, Владимир Кличко.

„Можам да го победам Кличко, бидејќи имам големи топки/мадиња“, напиша Фјури на една од социјалните мрежи.

Потсетуваме дека Британецот се јавува како задолжителен предизвикувач за титулата во верзијата на ВБО. Но, пред да дојде до евентуална борба со Кличко, Тајсон Фјури треба да го победи Кристијан Хамер, а Владимир да ги одбрани титулите во мечот со Американецот Брајант Џенингс.

Интересно е дека големата уста Фјури го зајадува Кличко на темата машко достоинство.

„Сакам да му кажам само едно нешто на Владимир Кличко – ти си женичка, старче. Ако не тие е шубе, дојди и бори се со мене. Ќе ти ја скршам стаклената брадичка. Кога ќе ти пораснат топки и ќе почнеш да се бориш со силни ривали“, еруптираше тој во март 2013 година.

http://youtu.be/WTYWRk15x6g

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО