Тревис Браун ќе се сретне со Андреј Арловски на УФЦ 187

angry

Борците во тешката категорија на УФЦ, Тревис Браун и Андреј Арловски ќе се сретнат на УФЦ 187 на 23 мај.

 Браун кој го загуби предизвикувачкото место од Фабрицио Вердум во април, забележа голема победа во декември над Брендан Шауб на УФЦ 181.

Арловски, пак, по серијата неубедливи средби, забележа четири последователни победи, а две од нив беа во октагонот.

Со овој дуел, УФЦ 187 се јавува како силен настан, бидејќи ќе видиме и два шампионски дуела – Џон Џонс против Ентони Џонсон и Крис Вајдман против Витор Белфорт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО