Фјури истакнува дека Џошуа се уште не се борел против тешкаши кои се на врвот

Долго организираниот меч за апсолутен светски шампион во бокс меѓу Тајсон Фјури и Ентони Џошуа беше откажан откако се дозна дека Дионтеј Вајлдер ја активирал клаузулата за третата средба против Џипси Кинг во мај, по судска одлука.

Фјури одлучи да ја прифати таа борба бидејќи, како што неодамна откри, во спротивно ќе требало да плати 80 милиони долари!

„Тоа не беше поради каковбило појас“, нагласи шампионот на ВБЦ во тешка категорија, кој ја освои титулата минатиот февруари кога го совлада Вајлдер со прекин во седмат рунда, нивниот прв меч заврши нерешено во декември 2018 година.

Откако Фјури и Вајлдер го договорија, Ентони Џошуа се сврте кон својот нов противник Александр Усик.

Доколку Фјури и Џошуа ги победат своите противници, најверојатно, двајцата британски боксери многу скоро ќе се договорат за борба за обединување на титулите.

Иако Ромскиот крал ја чека одбраната на титулата против Бронзениот бомбардер, неговите мисли сепак се свртени кон Ентони Џошуа.

„Џошуа не се борел против ниту еден тешкаш која е на својот врв. Имаше добри боксери пред десет години, но тие веќе не се денес“, рече Тајсон Фјури во интервју за легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Гери Невил во емисијата „Оверлап“ и додаде:

„На крајот, најдобрите боксери се борат меѓу себе и овие средби се случуваат кога едниот е во опаѓање, а другиот само го достигнал највисокото ниво во кариерата. Борбите се ретки кога и двајцата се на врвот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО