Фјури е најплатен борец во светот, пред Мек Грегор и Џошуа

Форбс ја објави листата на најплатените спортисти во светот.

Поради коронавирусот, многу настани се откажани и одложени, а платите паднаа за прв пат во последните четири години.

Стоте најплатени спортисти остварија вкупна заработувачка од 3,6 милијарди долари, што претставува намалување од 9 отсто од минатата година и првиот пад од 2016 година кога боксерите Флојд Мејведер и Мани Пакијао поделија 400 милиони долари за борбата во мај 2015 година.

Прв на ранг-листата на „Форбс“ за 2020 година е тенисерот Роџер Федерер, кој заработи 106,3 милиони долари во минатата година. Интересно е што тој заработи само 6,3 милиони на турнири додека остатокот ги заработи од спонзори.

По него следуваат фудбалерите Кристијано Роналдо (105 милиони долари), Лионел Меси (104 милиони долари) и Нејмар (95,5 милиони долари).

Кошаркарот Леброн Џејмс е на петтото место со заработка од 88,2 милиони долари.

Најплатените борци доаѓаат од Европа.

Најплатен е шампион на ВБЦ Тајсон Фјури кој е на 11-тото место. Фјури три пати се бореше во последните 12 месеци, заработувајќи 57 милиони долари. Седум милиони се од спонзорите.

По него следува борецот на УФЦ Конор Мек Грегор на 16. место кој се врати во јануари со победа против Доналд Цероне. Ирецот заработи 48 милиони долари (32 плати, 16 спонзори).

Шампионот на ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО, Ентони Џошуа заработи милион помалку (36 милиони плати и 11 спонзори) и се наоѓа на 19-тото место.

Веднаш зад него е Дионтеј Вајлдер со заработка од 46,5 милиони американски долари (плата од 46 милиони долари и 500.000 долари од спонзори).

На листата има уште еден боксер. Сол Алварез – Канело е на 30-то место со заработка од 37 милиони долари (35 плати, 2 спонзори).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО