Фјури: Џошуа ќе се бори со левак

Fjuri pred Mikrofon

Тајсон Фјури реагира со потсмев на следниот ривал на Ентони Џошуа. Новиот шампион на Меѓународната боксерска федерација во тешка актегорија ќе ја брани круната против Доминик Бризил (САД). Мечот ќе се одржи на 25 јуни во „О2 арената“ во Лондон.

Британецот го освои појасот по победата над Чарлс Мартин на 9 април. Американецот има 17 победи (15 со нокаут) и ниту еден пораз. Во последниот натпревар тој го нокаутираше Амир Мансур во петата рунда.

„Да не го критикуваме Џошуа за изборот на противникот. Сепак, тој има само 16 натпревари и се уште се учи. Само се шегувам, момци. Џошуа ќе се бори со тотален левак“.

https://youtu.be/T85cNnyHcJc

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО