Уапсен е боксер за грабнување на дете

Mirko Rici

Интерконтиненталниот шампион на Светскиот боксерски сојуз во лесно-тешка категорија, Мирко Ричи, е уапсен под обвинение за киднапирање на дете.

Боксерот земал 9-годишно дете од неговата мајка. Тој и се заканил на жената дека ќе го убие детето, ако не му плати 5.150 евра. Толку била вредноста на украдена дрога од него.

Ричи бил помогнат од својата мајка, сестра и уште една 25-годишна жена.

Ова не е прв судир на Италијанецот со полицијата. Тој беше уапсен во јули 2014-та за претепување на човек на улица и обид за грабеж. Два дена подоцна Ричи беше застрелан во нозете.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО