Фјури: Борбата со Усик ќе биде величенствен настан

Шампионот на ВБЦ во тешка категорија, Тајсон Фјури, верува дека влегувањето во рингот против носителот на титулите на ВБА Супер, ИБФ и ВБО, Александар Усик, ќе биде само кулминација на одличната работа што ја завршил неговиот тим.

„Едвај чекам да ми се јават. Ова е голем предизвик и го поздравувам. Но, организирањето на оваа борба е потешко од самата борба. Да видиме што ќе се случи во следните неколку недели.

Ако се биде во ред, тоа ќе биде величествен настан, борба на векот. Ќе биде борба за луѓе кои го сакаат боксот, бидејќи ќе го одреди првиот шампион со четири појаси во историјата на тешка категорија“, изјави Фјури за БТ Спорт.

Големиот настан се очекува да се одржи на 29 април во Саудиска Арабија или Лондон. Во текот на кариерата Џипси Кинг има 33 победи и едно реми во професионалниот ринг, а Усик – 20 победи од 20 натпревари, од кои 13 со нокаут.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО