Петар Заборски: Задоволни сме од бронзите на Трајковски и Стојановиќ и како ги бранеа боите на Македонија

Македонските репрезентативци во највозрасната младинска категорија на помлади сениори (У-21), Витомир Трајковски и Стефан Стојановиќ ја одбранија честа на македонското карате и ја продолжија традицијата на освојување медали на европските шампионати.

Тие вчера на Европското првенство за кадети, јуниори и У-21 во Ларнака, Кипар, ги освоија бронзените медали.

„Задоволни сме од постигнувањето на нашите репрезентативци кои ги бранеа боите на Македонија. Во елиминацискиот дел во (саботата), тројца наши спортисти од вкупно четири ги загубија полуфиналните борби, и не успеаја да влезат во финалето во своите тежински категории. Сите тројца загубија во 4 -тото коло, но и сите тројца добија шанса да се борат за бронзениот медал. Шансата ја искористија нашите актуелни светски вицешампиони Витомир Трајковски -84 кг и Стефан Стојановиќ +84 кг, но за жал, Викторија Јовановска не успеа да направи хет-трик , иако и таа беше на чекор до медалот, имаше поволен резултат за победа, од неправилно поставена тактичка стратегија за борба во последните секунди, придонесе таа да ја загуби борбата за медал со судиска одлука за излегување од борилиштето. Јовановска добро се бореше и не изгуби, туку нејзината борба заврши 3-3, но противничката Мартина Куртеш (Босна и Херцеговина), на судиско изјаснување се закити со бронзениот медал. Викторија на крајот е 5 (петто) – пласирана на ова Европско првенство“, изјави нивниот матичен тренер во Макпетрол Петар Заборски и додаде:

„Во делот на освојувачите на медали, сакам да истакнам дека во првото коло Витомир имаше борба со актуелниот светски првак, Италијанецот Матео Фиоре, и успеа да му се реваншира за поразот на светското финале, победувајќи го со резултат 2-1. Во елиминацискиот дел забележа уште две победи, а потоа несреќно загуби во полуфиналето. Но, на крајот успеа да освои медал во една неизвесна борба, директно за бронзениот медал. Витомир Трајковски е бронзен медалист. Неговата борба со Данил Анисимов од Белгија завши 4-4.

Додека, пак, тешкашот, Стефан Стојановиќ беше убедлив и не дозволи никакво изненадување во борбата за бронзениот медал против Малик Багаев од Словачка, која што заврши со убедлива победа од 4-0“.

Трајковски и Стојановиќ се во добра натпреварувачка серија, вели Заборски, бидејќи минатата година тие освоија сребрени медали на Светското првенство за кадети, јуниори и У-21 во Коња-Турција.

Трајковски годинава (15 јануари) во Атина на Карате 1 Серија (Светската карате лига) се закити со бронзен медал во сениорска конкуренција.

Ова е голем успех за нив, но и занивниот клуба Макпетрол и тренерите Бошко Заборски, Симона Заборска и кондицискиот тренер Иван Тиосавњевиќ.

На ЕП настапуваа 1136 каратисти од 41 држава.

Резултати – Европско првенство кадети, јуниори и У-21:

-84 кг
Витомир Трајковски – Матео Фиоре (Италија) 2-1
Витомир Трајковски – Жосе Миранда (Португалија) 4-3
Витомир Трајковски – Александар Калабиќ (Хрватска) 4-1
Полуфинале
Витомир Трајковски – Максим Бухаијов (Украина) 1-2
За бронза
Витомир Трајковски – Данил Анисимов (Белгија) 4-4

+84кг
Стефан Стојановиќ – Мераби Гелашвили (Грузија) 2-0
Стефан Стојановиќ – Ли Шеридан (Ирска) 2-0
Стефан Стојановиќ – Ондреј Босак (Чешка) 4-3
Полуфинале
Стефан Стојановиќ –Матео Аванзини (Италија) 4-5
За бронза
Стефан Стојановиќ – Малик Багаев (Словачка) 4-0

-61 кг
Викторија Јовановска – Фиона Шаедлер (Лихтеншатјн) 8-0
Викторија Јовановска – Марина Осман (Романија) 5-3
Викторија Јовановска – Александра Илановиќ (Унгарија) 6-3
Полуфинале
Викторија Јовановска – Кристина Крисопулу (Грција) 4-7
За бронза
Викторија Јовановска – Мартина Куртеш (Босна и Херцеговина) 3-3

-59 кг
Јована Мицовска – Сенад Мамадеус (Холандија) 0-1

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО