Фил Дејвис поразен од Немков (ВИДЕО)

Член на тимот на Федор Вадим Немков (10-2) приреди изненадување на настанот на Белатор во Тел Авив и со поделена судиска одлука го победи поранешниот шампион Фил Дејвис (19-5-1НЦ).

Во главната борба на вечерта во Израел Патрицио Фреире (28-4) со едногласна одлука на судиите го совлада Емануел Санчез (17-4) и ја одбрани титулата во перолесна категорија. Со тоа постави рекорд по бројот на победи во Белатор (16) и рекорд по бројот на победи во мечевите за титулата (6).

Кирал Сиделников (11-6) во дебито за Белататор е нокаутиран за само 72 секунди. Домашни борец Адам Кареш (3-0), прво го соборуваше со хај кик, па го заврши со тупаници.

Белатор 209:
Патрицио Фреире – Емануел Санчез (едногласна одлука, 48-46, 48-47, 48-47)
Рајан Котур – Хаим Гозали (едногласна одлука на судиите, 29-27, 30-27, 30-26)
Вадим Немков – Фил Дејвис (поделена одлука на судиите, 29-28, 28-29, 29-28)
Олга Рубин – Синди Дандос (едногласна одлука на судиите, 29-27, 30-26, 30-27)
Адам Кереш – Кирил Сиделников (КО, Р1)

https://www.youtube.com/watch?v=6xNNGr9o-Ag

https://www.youtube.com/watch?v=wxitZ-hC7hY

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО