Флојд Мејведер: Ќе се борам со Хабиб, но под мои услови (ВИДЕО)

Флојд Мејведер е подготвен да се соочи со непоразениот шампион во лесна категорија на УФЦ, Хабиб Нурмагомедов, но само под услов тој да ги диктира правилата на борбата. Двајцата дадоа усна согласност за мечот, но работите се посложени, бидејќи Хабиб е зависен од УФЦ, а претседателот на организацијата Дана Вајт сака средбата да биде по правилата на ММА.

Сепак, Мејведер е категоричен дека ако има борба со Хабиб, тоа мора да биде во боксерскиот ринг или воопшто нема да се случи.

„Дојдоа кај мене и почнаа да разговараат со мене за борба со Хабиб. Тој ме провоцира, а јас не го предизвикав. Ми рекоа дека битката треба да се случи во кафезот, но ги прашав кога Хабиб заработил 9-цифрена сума во кафезот? Ако не направи 9-цифрен износ, тоа значи дека тој не е во високата лига. Јас сум од високата лига и ако сака да се бори со мене, тоа ќе се случи, но на мој начин. Мојот начин и моите правила.

Мора да биде во боксерски ринг. На мој начин и по мои правила. Јас сум Флојд „Пари/Мани“ Мејведер. Дури да не се бориме – тоа не е проблем. Имам одличен живот. Имам куќи во Лос Анџелес. Јас сум во пензија, но сѐ уште живеам одлично“.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО