Фил Дејвис го победи Јоел Ромеро во дебито за Белатор (ВИДЕО)

Јоел Ромеро не се бореше повеќе од година ипол откако минатиот март загуби од шампионот на УФЦ, Израел Адесања, а по таа борба се пресели во Белатор. Неговото враќање во октагонот заврши со уште еден пораз.

Кубанскиот борец загуби поделен со одлука на судиите од Американецот Фил Дејвис во дебито за Белатор, на настан одржан во Сан Хозе.

Тоа е негов четврти пораз по ред (Витакер, Коста, Адесања и Дејвис).

Во борбата за титулата, Нејман Грејси го совлада Марк Леминг со прекин во првата рунда, а успешен беше и Бен Париш кој со нокаут го совлада Кристијан Едвардс.

ДеАна Бенет ја совлада Алехандра Лара со едногласна одлука на судиите, додека Саул Роџерс беше подобар од Георги Карахањан.

Главна програма Белатор 266:
Фил Дејвис – Јоел Ромеро-поделена одлука (30-27, 28-29, 30-26)
Нејман Грејси – Марк Лемингер – ТКО, Р1 (1:27)
ДеАна Бенет – Алехандра Лара-едногласна одлука (30-27, 30-26, 30-26)
Саул Роџерс – Георги Карахајан-едногласна одлука (30-27, 30-26, 30-26)
Бен Париш – Кристијан Едвардс – КО (удари), Р1 (0:38)

Воведни борби:
Алекс Полици – Грант Нил – поделена одлука (29–28, 28–29, 29–28)
Ентони Адамс – Калид Муртазалиев – едногласна одлука (29-28, 29-28, 29-28)
Боби Серонио III – Сократ Хернандез-едногласна одлука (29-27, 29-26, 29-26)
Абрахам Весау – Алберт Гонзалес – КО (удари), Р1(2:17)
Шејн Киф – Ралан Грејси – едногласна одлука (29-28, 29-28, 29-28)
Едвин Де Лос Сантос – Џон Адамс – ТКО (удари во телото) Р1 (3:29)
Џеси Делгадо – Џошуа Дилон-едногласна одлука (30-27, 30-27, 30-27)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО