Федор: Хабиб и Конор беа непрофесионални

Федор Емелијаненко го коментираше хаосот предизвикан од Хабиб Нурмагомедов и Конор Мек Грегор по борбата во Лас Вегас во октомври.

„Тоа остави силен впечаток на мене. Тоа веројатно беше емотивен одговор на она што се случи пред борбата. Професионалецот треба да остане професионалец, а не да ги покажува своите емоции надвор од кафезот“, рече поранешниот шампион на Прајд.

Легендарниот 42-годишен борец овој викенд се бори со Рајан Бадер за слободната титула во тешка категорија на Белатор.

.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО