Траги на стероиди пронајдени и на ВАДА тетсот на Џонс

Метаболити на стероиди се откриени уште на еден допинг тест кај Џон Џонс.

31-годишниот шампион во полутешка категорија на тестирањето на Доброволната анти-допинг агенција (ВАДА) беше позитивен на метаболити на стероидот туринабол.

Имаше 33 пикограми од М3 орален туринабол.

Резултатите во среда ги објави Спортската комисија на Калифорнија (CSAC) под чие покровителство се одржа УФЦ 232 на кој Џонс со победата против Александар Густафсон уште еднаш стана шампион на УФЦ.

Примерокот на урина е земен на денот на мерењето на 28 декември.

Извршниот директор на CSAC Енди Фостер рече дека Џонс имал уште неколку допинг тестови овој месец и декана сите бил негативен, но не откри точно за колку тестови се работи.

Лабораторијата одобрена од страна на Светската анти допинг агенција (ВАДА) потврди дека траги во примерокот не се доволни за да се постигне позитивен учинок на настапаот.

CSAC нема да го казни Џонс. Истата одлука ја донесе и Американската агенцијата за анти-допинг (УСАДА) која заклучи дека за последниот пад на допинг тестот виновни остатоциво крвта на метаболити на стероидот од претходната суспензија пред 15 месеци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО