Незадоволителни резултати на каратистите во Париз на Премиер лигата, дебитираше новото оценување во кати (ВИДЕО)

Настапот на македонските каратисти по првиот ден на Карате 1 Премиер лигата во Париз е незадволителен. Шестмината каратисти  кои излегоа на татамито денеска извојуваа само две победи, Драгана Манговска и Емил Павлов, со тоа што Манговска има шанса во репасажот да го поправи впечатокот (дополнување Манговска е поразена во репасажот).  

Утре и во недела впечатокот може да го поправат -61 кг Наташа Стефановска и Вероника Костовска, -68 кг Ангела Мојсовска и Моника Стефановска- Јохана Кнер (Германија), -84 кг Берат Јакупи, Виктор Крстевски и Петар Спасеновски и во +84 кг Жарко Арсовски.

Денеска настапуваше и Пуликсенија Јованоскаво кати и во првата група (8 натпреварувачки) со оценка 21,54 е шеста и немаше можност во наредниот круг.

Токму во оваа дисциплина во Париз дебитираше новиот систем на судење, односно електронско оценување при што се евалуираат техничката и атлетската изведба. За техничката изведба се добиваат 70 отсто од оценката, а 30 за спортската изведба.

Резултати

кати
Пуликсенија Јованоска 21,54 (шеста во I група од вкупно 8)

-50 кг
Драгана Манговска – Џована Феролди (Бразил) 5-1
Драгана Манговска – Серап Озчелик (Турција) 0-6
Репасаж
Драгана Манговска – Нуране Алијева (Азербејџан) 0-4

-55 кг
Симона Заборска – Туба Јакан (Турција) 0-3

-60 кг
Емил Павлов – Антонио Вацола (Италија) 2-0
Емил Павлов – Ноах Писино (Швајцарија) 0-1

-67 кг
Ненад Келебиќ – Хирото Гомјо (Јапонија) 2-3

-75 кг
Петар Заборски – Беслан Мизов (Русија) 0-8

На Премиер лигата настапуваат најдобрите свестки каратисти од ВКФ ранг листата,  односно првите 50, а останатите 14 се дополнуваат од првите 100-мина на листата. Настапите се значајни за собирање на бодови за олимписка норма за Олимпсиките игри во Токио 2020 година, кога овој спорт ќе дебитира во олимпијадите.

Ipon.mk

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО