Федор го дознал идниот противник, откриено кога се враќа во акција

Руските медиуми открија кога Федор Емилијаненко ќе се врати во акција.

Според порталот Советски спорт, „Последниот имепратор“ нема да се бори оваа година, туку најверојатно во пролетта 2018 година на еден од настаните на Белатор.

Федор наводно знае кој ќе му биде противник, иако се уште се чека официјалната потврда на промоцијата.

Последната битка на 42-годишниот Емелијаненко ја одработи во јуни во Њујорк каде што го во првата рунда беше нокаутиран од Мет Митрион,со  што поранешниот шампион во Прајд ја прекина неизата од пет победи.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО