Федор Емелијаненко сака последната борба да е за титулата

ММА легендата Федор Емелијаненко сака последната борба во ММА да биде за титулата во тешка категорија на Белатор.

45-годишниот ветеран се надева на шанса во август. Титулата на Белатор во тешка категорија ќе биде ветена следниот месец. Рајан Бадер ќе ја брани против Чејк Конго во Париз. Последниот император се надева дека Бадер ќе победи за да имаат реванш.

Тие бореа пред 3 години во финалето на турнирот во тешка категорија. Во нивната средба Емелијаненко загуби со нокаут за 35 секунди. До денес Федор е во серија од 2 последователни нокаут победи во 1. рунда. Тој е миленик на Скот Кокер, кој најверојатно ќе му даде шанса за појасот.

„За жал, излегува дека мојата последна битка нема да се одржи во Русија. Подготвен сум да се борам каде било во битката што ќе ја заврши мојата кариера. Би сакал да се борам за појасот. Рангирањето на Белатор ми дозволува да имам последна битка за титулата.

Сега во мај ќе има дуел помеѓу Чејк Конго и Рајан Бадер. Би сакал да се борам со тој што ќе победи. Сакам против Бадер. Битката може да биде на истиот турнир со Вадим Немков во август. На овие подготовки сите непоминаа добро, имаше и пораз.

Сакам да се обидам повторно и да го завршам ова. Според договорот, ова е мојата последна битка. Скот Кокер се уште не се понудил да се борам уште, но се чувствувам силен. Имам голема желба да се борам за појасот“, изјави Емелијаненко за ТАСС.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО