Федор Емелијаненко ги издвои двете најтешки борби во кариерата, едната беше против Кро Кап

Федор Емелијаненко својата последна ММА борба во богатата кариера би требало да ја има во јануари следната година.

Имено, 45-годишниот легендарен руски борец пред неколку дена изјави дека има уште една борба во договорот со Белатор, па оди во пензија.

„Имам уште една борба во Белатор и тоа веројатно ќе биде последен меч во мојата кариера. Борбата ќе се одржи во јануари“, изјави Федор Емелијаненко.

За време на неговата кариера, која започна во 2000 година, шампионот на Прајд и повеќекратен светски шампион во самбо освои 40, загуби шест и имаше поништена една борба.

Во неговите последни два настапи оставри две убедливи победи против Квинтон Рампеџ Џексон (2019) и Тимоти Џонсон (2021).

Последниот пораз го претрпе во јануари 2019 година кога загуби со прекин по 35 секунди против Рајан Бадер.

Овој американски борец би можел да биде последниот противник на легендарниот Федор.

Русинот во април изјави дека сака конечно да се бори за титулата шампион во тешка категорија на Белатор која моментално ја држи Бадер.

Емелијаненко е во Белатор од 2017 година и има четири победи и два порази во шест борби.

На неодамнешната прес-конференција беше запрашан дали може да ја издвои најтешката борба во кариерата.

„Тоа секако ќе биде мојот последен меч“, рече Федор Емелијаненко, а потоа спомена двајца противници кои особено ја одбележаа неговата кариера:

„Две борби ми беа особено тешки, но и многу интересни. Станува збор за средбите  против Антонио Родриго Ножеира и Мирко Кро Кап.

Во декември 2004 година во Саитама, Федор Емелијаненко ја одбрани титулата наПрајд со победа против Бразилецот Антонио Родриго Ножеира, а една година подоцна во август повторно го стори истото, но против хрватската боречка легенда Мирко Филиповиќ. Во двата меча победи со едногласна одлука на судиите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО