Фаик Весели е јуниорски вицешампион на Европа

Фаик Весели го освои сребрениот медал на Европското карате првенство за кадети, јуниори и јуниори до 21 година во Сочи, Русија, кој е прв за македонската репрезенатација на шампионатот. Весели во финалето загуби со минимален резултат од Азербејџанецот Хумат Башхалиев со 1-2.

Столе Смилковски имаше директна борба за бронзениот медал во репасажот во која беше поразен со  2-4 од Турчнот Бурак Оздемир. Така, Смилковски е петопласиран на ЕП.

Филип Несторовски може да жали што не обезбеди подобар пласман од седмата позиција,бидејќи во четвртфиналето загуби на изјаснување од Ади Гјруик (Словачка) при резултат 0-0, а во репасажот со Хлеб Сачукоски (Белорусија) е поразен со минимален резултат 0-1, така што не дојде до борбата за брозата.

И Кренар Џафери стигна до репасажот, но беше совлдан во првата борба со 2-6 од Алексеј Хуреју (Белорусија). Џафери го освои деветото место.

На последниот ден од ЕП настапуваат малдите сениори до 21 година, се надеваме дека нашите каратисти ќе дојдат до уште некој медал.

Резултати

Јуниори
+59 кг
Симона Симовска – Садеа Бечировиќ (Хрватска) 1-4

-55
Столе Смилковски – Жонас Вилар (Португалија) 8-0 во 2.коло
Столе Смилковски – Бенце Чопу (Унгарија) 2-0
Столе Смилковски – Матео Ланди (Италија) 1-3 во полуфинале
Столе Смилковски – Бурак Оздемир (Турција) 2-4 за бронза

-61 кг
Фаик Весели – Мимолат Багаев (Словачка) 0-0
Фаик Весели – Алесио Ванакоре (Швајцарија) 3-0
Фаик Весели – Алберто Морено Хименез (Шпанија) 2-0
Фаик Весели – Султан Ечајев (Израел) 4-0
Финале
Фаик Весели – Хумат Башхалиев (Азербејџан) 1-2

-76 кг
Филип Несторовски  – Филип Куенхел (Австрија) 3-1
Филип Несторовски  – Ренато Решетар (Хрватска) 2-0
Филип Несторовски  – Ади Гјруик (Словачка) 0-0
Филип Несторовски  – Хлеб Сачукоски (Белорусија) 0-1 репасаж

+76
Кренар Џафери – Жозе Хенрикес (Португалија) 3-0
Кренар Џафери – Томас Коса (Словачка) 0-2
Кренар Џафери – Алексеј Хуреју (Белорусија) 2-6 репасаж

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО