МТФ ги почна заедничките тренинзи за состав на таеквондо репрезентацијата (ФОТО)

Македонската таеквондо федерација (МТФ) од денеска имаше заеднички тренинг согласно одлуката на редовното Собрание, при што се поканети сите клубови членки на Федерацијата.

Според оваа одлука, заедничките тренинзи се задолжителни за посета на сите борци кои сакаат да партиципираат во репрезентативниот тим на Македонија, затоа што ова е клучен сегмент за селектирање на македонските таеквондо репрезентативци.

Тренинзи од овој тип ќе се случуваат многу често, при што најдобрите македноски таеквондисти од сите клубови ќе имаат прилика да се дружат меѓусебно и да напредуваат.

Ipon.mk

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО