Шампионите прв пат лице в лице: Соочување на Миочиќ и Кормиер (ВИДЕО)

Синоќа, Стипе Миочиќ и Даниел Кормиер за првпат се сочија во Лас Вегас.

Двајцата шампиони и тренери во 27-тата сезона на Ултимејт фајтер шоуто беа главните ѕвезди на најновото дружење со медиумите кое го организираше УФЦ на својот Институт за изведба.

Стипе и ДК според пишувањата на американските боречки портали веќе започнале со снимањето на шоуто кое треба да биде брилијантна најава за 7 јули или главната борба на УФЦ 226 во која Миочиќ ќе ја брани својата тешкаша титула против тековниот шампион во полутешка категорија.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО