Фабрицио Вердум – Алистер Оверем на УФЦ 2013

На повидок е страотен меч во тешка категорија кој е додаден во борбената картичка на настанот УФЦ 213, што ќе се одржи на 8 јули, соопшти Фло комбат.

Според бразилскиот медиум, во Лас Вегас ќе се сретнат Фабрицио Вердум и Алистер Оверем. УФЦ 211 ќе биде дел од т.н. Интернешнал фајт вик, во таа чест УФЦ ја резервира Т-Мобиле арена за три последователни вечери, при што ќе ги видиме настаните УФЦ Фајт најт, Ултимејт фајтер: Редемпшн и УФЦ 213.

Фабрицио Вердум требаше да се бори со Бен Ротвел на УФЦ 211, но средбата пропадна откако Ротвел не успеа да го помине тестот на УСАДА. Додека Оверем во последниот меч го нокаутира Марк Хант.

Ова ќе биде трет дуел меѓу Вердум и Оверем, но прв во УФЦ. Досега билансот е 1-1, Вердум го победи Оверем на Прајд, а потоа Холанѓанецот му се реваншираше на Страјфорс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО