Европска недела на спортот: 25 федерации ќе „Бидат активни“ на плоштадот Филип 2 во Скопје

bide-aktiven

Македонија преку Агенцијата за млади и спорт директно се вклучува во одбележувањето на големиот европски настан „Европската недела на спортот“. По тој повод ќе се одржат голем број спортски манифестации кои ќе ја одбележат „Европската недела на спортот”.

Утре со почеток во 11:00 часот  на фудбалското игралиште на ФК Локомотива до СЦ Борис Трајковски во Скопје ќе се одржат два фудбалски натпревари и тоа: женски фудбал – основни училишта  и машки фудбал – средни училишта.

Додека во сабота, со почеток во 17.30 часот на плоштадот Филип 2 во Скопје, ќе се одржи главната манифестација „Европската недела на спортот” со мототото „Биди активен“ на која учествуваат 25 национални спортски федерации (триатлон, бадминтон, велосипедска, атлетска, стрелачка, карате, риболовна, кик боксинг, традиционално карате, спортско качувачка, планинарски спортови, мечувалечка, кајакарска, аикидо, боречки спортови, џиу џица, универзитетска, таеквондо, боди билдинг, џудо, самбо, одбојкарска, ракометна, кендо-иаидо и Сојузот на спортски федерации на Македонија). На овој голем спортски настан ќе бидат презентирани спортските активности на овие федерации, каде најмладите ќе имаат можност да се запознаат со вештините на овие спортови.

Целта на овој настан е да се зголеми свеста на младите, децата и на пошироката јавност за важноста на вклучувањето во рамките на активностите на училишните, универзитетските и  спортските клубови, како и промоција на физичките активности во насока на подобрување на здравјето.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО