Конор Мек Грегор повеќе нема да настапува во полусредна категорија

conor-mcgregor-na-vaga

Дана Вајт потврди дека авантурата на Конор Мек Грегор во полусредна категорија е завршена и дека сега ќе се бори во природните категории.

Многумина сакаат да видат трет меч меѓу Конор Мек Грегор и Нејт Дијаз, откако направија два во велтер категорија. Но, Мек Грегор рече дека, ако станува збор за тоа, истата може да се случи во лесна категорија. Затоа останува прашањето кога може тоа да се случи, но и каква е ситуацијата со Конор за уште некој потенцијален меч до 77 килограми. Одговорот го даде Дана Вајт:

„Два пати ја правевме таа борба и тоа е тоа. Време е да тргнеме понатаму, бидејќи Конор ја држи титулата во перолесна категорија требаше да ја брани. Впрочем, тој е борец во таа категорија, кој може да оди и да се бори во лесна, но да оди во полусредна категорија, апсолутно нема никаква смисла, а згора на тоа, не е фер кон остатокот од борците на оваа девиизја“.

Ако му е за верување на Вајт, Мек Грегор ќе ја брани титулата до 66 килограми, иако се се погласни инсинуациите дека тој и Еди Алварез го предводат УФЦ 205 во Њујорк во борбата за шампионската титула. Веруваме дека навивачите би биле многу посреќни на карјот тоа да бидат Хозе Алдо и Конор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО