Евангелиста Сантош се здоби со застрашувачка фрактура на черепот од ударот на Мајкл Пејџ (ФОТО/ВИДЕО)

Evangleista santos povreden

Евангелиста „Киборг“ Сантош во саботниот Белатор во Лондон, загуби со нокаут од Мајкл Пејџ.

38-годишниот Бразилец е нокаутиран со летечко колено кое предизвика фрактура на черепот.

Неговата поранешна сопруга Кристине Џастино, позната како „Крис Киборг“ ‘ги повика навивачите да се молат за борецот, кој се наоѓа во тешка ситуација.

„Фанови на боречките спортови, ве молам да се помолите за мојот поранешен сопруг Киборг Сантош. Многумина од вас го гледавте овој викенд кога се здоби со повреда борејќи се во Лондон. Киборг се уште е во болница во Велика Британија и не се сигурни кога ќе може да лета со авион. Сè уште не имал операција и лекарите се загрижени дека мозокот се уште би можел да отекува и да создава дополнителна штета“.

„Белатор би требал да биде одговорен за сите медицински барања и негата, но Киборг некое време нема да може да работи и ќе покренеме Gofundme за него, за да може фановите кои би сакале да ги спонорираат него и неговото семејство и да можат да го направат тоа. Господе ти благодариме што не штитиш. Лекарите рекоа дека тоа лесно можело да биде опасна по животот. Ве молам, покажете ја својата поддршка на борците и споделувајте го ова понатаму“.

evangelsita stanots povreden 2 vo 2

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО