Џон Џонс може да загуби 30 милиони долари поради допинг скандалот

Dzon dzons sedi so pojas ufc

Менаџерот на Џон Џонс, Малки Кава, изјави дека борецот се опрости од осмоцифрен хонорар по допинг скандалот кој го извади од листата на учесници на УФЦ 200 и од мечот со Даниел Кормиер.

Еден од коментаторите во УФЦ, Џон Аник, отиде уште подалеку, велејќи дека „Бонс“ може да загуби вкупно 30 милиони долари од создадената ситуација, во зависност од тоа колку време ќе остане надвор од кафезот.

„Финансискиот удар за Џонс е апсолутно неверојатен. Сигурен сум дека за неговите обожаватели тоа не е нивната главна грижа, но, ние гледаме малку понапред во ситуацијата. Поранешниот играч на Бостон Селтикс, Ентони Вокер, заработи 100 милиони долари и сите ги потроши. Џон Џонс е спротивност на тоа. Само да помисли за милионите кои не успеа да ги направи. Ако тој е казнет на 12 или 24 месеци, може да биде во загуба 25 или 30 милиони долари, само затоа што земал овој додаток, каква и да е“.

На 18 јули Џон Џонс ќе се појави пред судот во Невада на првото сослушување за се што случувало во неговиот случај. Иако казната се уште не е дефинитивна, не е исклучено тој да биде санкциониран на две години. А со тоа доаѓаат и милионите кои ќе загуби како последица на тоа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО