Еркан Тепер го нокаутира фаворитот Прајс (ВИДЕО)

erkan teper

Непоразениот германски боксер од турско потекло, Еркан Тепер, е новиот европски шампион во тешка категорија. Тој го нокаутира во втората рунда Дејвид Прајс на галавечерта во Лјудвигсбург (Германија). Победникот се сметаше за аутсајдер, но почна многу агресивно и уште во првата рунда успеа да го разниша Британецот. На Прајс му беше повредена аркадата, а кон крајот на втората рунда беше нокаутиран со брутално лево кроше.

Тоа беше 15 – та победа (10 со нокаут) за Тепер. Британецот веќе има 3 порази наспроти 19 победи (16 со нокаут).

„Сакам да му се извинам на целиот мој тим, пријателите, семејството и оние кои дојдоа во Германија да ме поддржат – рече по натпреварот Прајс . – Ќе размислам долго време за мојата иднина. Сега е премногу рано да донесувам крајно решение“.

https://youtu.be/sW40TT2MZ5s

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО