Ентони Џошуа шокиран од одговорот на прашањето кој би победил на мечот меѓу Ленокс Луис и Александар Усик

Ентони Џошуа многу добро знае како е да се соочиш со Aлександaр Усик.

Поранешниот двократен светски шампион во тешка категорија се бореше со непоразениот украински мајстор, поранешен олимписки шампион и прв апсолутен шампион во тешка категорија по Ленокс Луис, дури двапати по 12 исцрпувачки рунди. Првата борба се одржа во Лондон 2021 година, кога на Џошуа му беа одземени светските титули по поразот со убедлива одлука. Реваншот една година подоцна во Саудиска Арабија донесе подобро издание од британскиот боксер, но и тогаш не можеше да ги врати појасите – Усик уште еднаш триумфираше на поени.

Оттогаш, Усик ја продолжи непоразената доминација во рингот. Тој го нокаутира актуелниот шампион на ИБФ, Даниел Дубоа, а во мај годинава маестрално изведе против Тајсон Фјури, совладувајќи го по 12 рунди и земајќи му го ВБЦ појасот. Усик сега повторно се подготвува за реванш со Фјури во декември, борба која повторно ќе го подигне глобалниот интерес.

Џошуа неодамна беше запрашан во интервју за Меил спорт бокс да избере кој ќе победи на хипотетички меч меѓу Усик и Ленокс Луис, последниот тешкаш што ги имаше сите главни титули пред Усик. На почетокот Џошуа не сакаше да донесе пресуда, едноставно велејќи:

„50-50“.

Но, кога беше притиснат да направи конечен избор, тој застана на страната на својот стар ривал:

„Усик“.

Ленокс Луис, се разбира, не е име кое лесно може да се изостави од дискусијата за најголемите тешкаши. За време на неговата блескава кариера, тој ги победи сите со кои се соочи, и покрај тоа што претрпе два изненадувачки порази од Оливие Меккол и Хасим Рахман – и двата порази ги одмазди со спектакуларни нокаути. Луис славеше и против легендите како Мајк Тајсон и Ивандер Холифилд, а ја заврши кариерата по епската борба со Витали Кличко во 2005 година.

Доколку Усик успее да го победи Фјури уште еднаш оваа година, неговиот статус меѓу бесмртните во боксот ќе биде неоспорен. Ова ќе го зацврсти неговото место меѓу најголемите боксери на сите времиња, во исто друштво со легендите како Луис – станувајќи симбол на неприкосновен шампион во две различни епохи и категории.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО