Ентони Џошуа сака Вајт да го победи Фјури, но тоа не значи дека Дилиен му се допаѓа

Официјално е потврдена бората за титулата на ВБЦ меѓу бранителот Тајсон Фјури и предизвикувачот Дилиен Вајт, а ќе се одржи на 23 април на стадионот Вембли во Лондон.

На тој меч за Вајт навива поранешниот шампион Ентони Џошуа.

„Треба да види што прави Тајсон Фјури и добро да се подготви за тоа. Треба да работите напорно на вашата физичка кондиција и да бидете подготвени да боксирате од дистанца. Се надевам дека Дилиен тренира напорно и нема да го потцени Тајсон“, изјави Ентони Џошуа и додаде:

„Бидејќи ова му е прва борба за титулата, мислам дека ќе биде гладен. Го поддржувам Дилиен, иако не го сакам и сакам да го скршам во првата прилика. Ајде, Дилиен, јас сум со тебе овој пат“.

Џошуа загуби на крајот на септември од Украинецот Александр Усик и остана без шампионските појаси на ВБА, ИБФ, ВБО и ИБО.

Реваншот меѓу Ентони и Александр е планиран за мај, но сега работите би можеле да се искомплицираат, бидејќи Усик се врати во Украина за време на руската воена инвазија.

Ентони Џошуа му испрати поддршка на украинскиот боксер кој реши да се врати во татковината.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО