Александар Поветкин во одбрана на Путин

Поранешниот светски шампион во бокс во тешка категорија Александар Поветкин зборуваше за ситуацијата во Украина. Таму моментално се одвива специјална операција по наредба на рускиот претседател Владимир Путин.

За Путин ова е специјална воена операција, но за сите други е војна. Секој има свое мислење на темата и свое гледиште, но едно е јасно, а тоа е дека секогаш страдаат невини луѓе.

За жал, ние луѓето не успеваме да извлечеме поука и секогаш одиме во крајности. Во моментов општеството е поделено на тема војна и сите ќе ги почувствуваме последиците од неа многу брзо.

На својот профил на социјалните мрежи Поветкин напиша:

„Моќта е во вистината. Оваа добро позната фраза, изговорена од Сергеј Бодров, денес ја отсликува суштината на она што се случува во Украина.

Се боревме за вистината сите овие години додека Словените не беа истребени во Донбас.

Затоа сум за претседателот Владимир Путин и неговата одлука да застане во одбрана на обичните луѓе, да го одбие паразитскиот нацизам. Секоја војна е завршена. Ова нека заврши во наредните денови“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО