Бадр Хари нема да прави промени за реваншот со Вжосек

Саид Ел Бадави, тренерот на Бадр Хари, изјави дека нема да прават промени за втората пресметка со Аркадиуш Вжосек кои ќе се борат на настанот Глори 80 на 19 март во Белгија.

Во септември минатата година ја видовме нивната прва борба. Тогаш Бадр водеше и го испрати Полјакот 3 пати во нокдаун. Бадр тргна во потрага по нокаут и му дозволи на Вжосек да изведе хај-кик и да го нокаутира во втората рунда.

Хари е во серија од 4 последователни порази и нема победа 7 години во кикбоксот. Потпиша нов договор со Глори, иако нема победа во 5 битки под нивното знаме. Во интервју за ММАСуцка Бадави зоруваше за реваншот.

„Немаме план за оваа битка, бидејќи ќе го направиме она што го направивме на првата средба.

Треба да бидете будни цело време. Сега оваа средба е најважна за нас. Не сакаме да зборуваме за други битки без да ја добиеме оваа. Фокусот е на Вжосек, а потоа ќе видиме што ќе се случи.

Секој има пријатели кога ќе победи. Меѓутоа, во тешки времиња, повеќето луѓе почнуваат да велат дека треба да се откажете. Човек секогаш мора да верува во себе.

Погледнете како Тешеира стана шампион на УФЦ на 42 години. Бадр Хари е секогаш посветен и сè уште е гладен за победа. Има 5 деца и секогаш дава се од себе на тренинзите“, рече Бадави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО